На старо вино оваа есен мириса, ама мириса и на 40-те изминати години на „Макфест“, најдолговечниот и најуспешен фестивал на забавна музика кај нас, со чии песни израснаа повеќе генерации. Дел од нив слушнавме и синоќа, на третата фестивалска вечер на годинашното макфестовско издание и ниту една немаше мана. Напротив, ја пееја сите во салата на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, заедно со македонските музички ветерани, а долгите аплаузи ја ...

Штип, 24 октомври 2025 (МИА) - Шестмина изведувачи од првата фестивалска вечер на 40.издание на „Макфест“, ќе пеат и вечерва на втората фестивалска вечер. Јован Јованов на денешната прес-конференција рече дека за нив одлучуваше стручно четиричлено жири, а гласаше и публиката. Вечерва на сцената на „Макфест“ ќе настапат 20 изведувачи, а крајот е резервиран за Антонија Гиговска со песната „Жена“ која беше прогласена за најслушана песна изминатата ...