Полицијата се уште трага по возачот на мотор што го прегази Југо на пешачката патека кај паркот на франкофонијата. Идентитетот и е познат на полицијата, но уште не е фатен. Пешачката патека пак и денеска ги собра соседите, велат безбедноста е никаква, наместо џагор на деца има џагор од автомобили, мотори поминуваат секојдневно дури си играат децата, камиони паркираат и ја блокираат патеката. Бараат општината и градот Скопје да се погрижат за ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против возачот на мотоцикл кој на пешачка патека во вторникот го прегази Југослав Николовски и избега. Од ОЈО Скопје попладнево информираа дека 25-годишниот скопјанец се сомничи за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. Осомничениот, на 1 јули управувал мотоцикл ...