На новогодишната ноќ со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот има 14 години, додека 13-годишно дете се здобило со тешки повреди на раката од петарда и ќе има траен инвалидитет. Генералната оценка на здравствените институции во Скопје е дека ноќта поминала прилично мирно со помал обем на работа. – На Универзитетската клиника за токсикологија новогодишната ноќ помина прилично ...

13 годишно момче почетокот на 2025 година ќе ја помни поради тешката повреда од петарда која му донесе доживотен инвалидитет на раката. Тоа е оперирано на Детската клиника. „Оперирано е веќе, мислам дека е оперирано веќе на Детската клиника за хирургија и најверојатно ќе биде со инвалидитет на раката“, вели Игор Мерџановски. Мерџановски вели дека на Ургентен центар имале за 30 отсто помалку интервенции од минатата Нова Година. Имало 35 прегледи ...