Реал Мадрид влезе во репрезентативната пауза со горчина по двата порази, против Ливерпул и Рајо Ваљекано. Се очекуваше дека кога тимот ќе се врати на теренот, против Елче на стадионот „Мартинез Валеро“, ќе сторат сè што е можно за да ја свртат ситуацијата. Но, натпреварот во Аликанте само ја продлабочи раната на Чаби Алонсо, кој сè уште се бори да го пронајде вистинскиот правец за „белите“. Ова го пишува „АС“ во текстот со наслов: „Чаби е ...

Нема мир во Реал Мадрид по новиот неуспех, ремито против Елче на гости, а сега повторно во фокусот на вниманието е односот меѓу Винисиус јуниор и неговиот „клан“ со стручниот штаб предводен од Чаби Алонсо. Во Мадрид, засега најмногу се загрижени поради лошите односи меѓу играчите и стручниот штаб. Наводно, во клубот го забележале однесувањето на одредени играчи кај вториот гол на Елче, каде што Алваро Родригес бил опколен со петмина играчи на ...