Е. Пелистер загуби убедливо на гостувањето во Полска, но еден од најубавите голови беше дело на македонскиот ас Филип Кузмановски, кој биеше маестрално од девет метри пред крајот на првото полувреме, сместувајќи ја топката во горниот агол од голот на Висла. Комплименти пристигнаа и од медиа-тимот на ЕХФ задолжен за Лигата на шампионите, кој на ова ремек-дело на „фитиљ“ стави наслов: „Дали Кузмановски е најдобриот шутер од далечина во ЛШ?“ За ...
Еурофарм Пелистер го претрпе третиот пораз во ЛШ на гостувањето кај силната Висла, а во натпревар кој во ниту еден момент не беше неизвесен, македонскиот првак на крајот загуби со 36:25. Избраниците на Гарабаја беа инфериорни и не можеа да пронајдат посакуван ритам, па најчесто даваа голови после изнудени шутеви и неизградени позиции. Поради ваквите грешки, Пелистер на крај претрпе и потежок пораз од тоа што заслужи, а најдобар доказ за бледото ...