По завршувањето на денешното дерби во ПМФЛ во кратово меѓу екипите на Силекс и Вардар се случил инцидент. На заминување кон соблекувалните бил нападнат еден од асистентите на тренерот на „црвено-црните“ Гоце Седлоски, а според официјалниот записник, црвен картон веднаш по мечот добил тренерот на кратовци, Александар Васоски. Со оглед на видеото кое се појави на социјалните мрежи, реагирала и полицијата, па сега на ред се дисциплинците во ФФМ. ...
И трето полувреме имаше вчерашниот натпревар меѓу Силекс и Вардар во Кратово од 23. коло од Првата македонска фудбалска лига. Тензичен беше дуелот уште во првото полувреме кога домашните реагираа на престрогото исклучување на Донов во финишот на првите 45 минути, а нервозата кулминираше по израмнувачкиот гол на Вардар за конечни 1-1 во последната минута од средбата. Па, по крајот на дуелот во соблекувалните дошло и до вербален судир на кратовци ...