Со синоќешната победа против Монтереј, Борусија Дортмунд обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, и закажа соочување со Реал Мадрид. Сепак, претстојниот натпревар во Њујорк нема да го донесе очекуваниот и посакуван дуел меѓу браќата Џоб и Џуд Белингем. „Виновник“ е помладиот, од редовите на германскиот клуб, бидејќи доби жолт картон на претходно споменатиот осминафинален натпревар, па ...
Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе играат меѓу себе во 1/4 финалето на Светското клупско првенство. Тоа требаше да биде првиот братски дуел на Белингем во историјата, откако Џоб Белингем пред неколку недели му се приклучи на тимот на „милионерите“. Меѓутоа нема да има братски дуел, со оглед дека Џоб нема да настапи на натпреварот поради суспензија. На мечот со Монтереј, помладиот од браќата Белингем заработи жолт картон, што значеше суспензија ...