Вардар го доби големото дерби со Шкендија и во одлична атмосфера го дочекува новиот предизвик, сериозен тест, соочувањето со Силекс. Тоа е меч кој вечерва од 17 часот се игра националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и на кој „црвено-црните“ влегуваат со една цел, да ги освојат трите бода. -Ние веруваме во нашата способност да одиме на победа на секој меч. Тоа значи и за овој против Силекс. Респект за противникот, одлично ја стартуваше ...

Денеска се затвора 11. коло од домашниот фудбалски шампионат, а како последен дуел закажан од 18 часот е оној на Арената Тодор Проески во Скопје, каде што се среќаваат екипите на Вардар и Силекс. Ова е дуел на два тима кои се во самиот врв на табелата. Вардар и Силекс сезонава покажаа завидно ниво на квалитет и заслужено се во трката за шампионскиот трофеј. Домаќинот по одличниот настап во Тетово против Шкендија и победата во големо дерби сега ...