Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека подготвеноста на Русија да не ја освои целосно Украина претставува „многу голема отстапка“ од страна на Москва јави ДПА. Зборувајќи на состанокот во Белата куќа со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, Трамп беше прашан од новинар какви отстапки понудила Русија за да се постигне мировен договор со Киев. Трамп одговори: „Запирање на војната, запирање на преземањето на целата земја“. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Украина би била подготвена да разговара за територијални прашања во рамките на мировни преговори, но само по целосно и безусловно примирје од страна на Русија. „Целосно и безусловно примирје отвора можност да разговараме за сè,“ изјави Зеленски пред новинарите во Киев. Трамп во интервју за Тајм рече дека „Крим ќе остане со Русија“. „Тоа што го кажа претседателот Трамп е вистина. Се ...