На 31.10.2024, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) потврди нов случај на високо патогената авијарна инфлуенца (H5N1) кај угината дива гуска резиденцијалниот комплекс Свети Јован во скопско Злокуќани. Лабораториски тестови на две живи птици (лебеди) не покажаа присуство на вирусот. Се преземаат мерки за заловување и тестирање на други птици во комплексот. АХВ донесе решение за прогласување на болеста и нареди спроведување на заштитни мерки, ...

Не постои сериозна опасност за ширење на птичјиот грип, уверуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство откако вчера беше потврден вирусот кај една угината дива птица во комплексот Свети Јован во скопско Злокуќани. Директорот на Агенцијата вели дека станува збор за затворен комплекс и дека сите мерки биле преземени навреме. Теоретски, птичјиот грип може да се пренесе на луѓето но шансите тоа да се случи се минимални и не треба да има простор за ...