Кочанското обвинителство бараше притвор, но судот им определи куќен притвор на двајцата даночни контролори од штипската дирекција на УЈП кои се осомничени дека му дојавувале на синот на Дејан Јованов кога ќе има ненајавени контроли во „Пулс“. За тоа, според истрагата, Драган Паунов и Дуле Димитриев добивале разни подароци од Михајло Јованов. Паунов е брат на претседателката на Кривичен, Даниела Димовска. Обвинителството кое ги сомничи за поткуп ...

Кочанскиот суд одреди куќен притвор за двајцата даночни контролори од Штип кои земале мито и го информирале сопственикот на Пулс кога дискотеката ќе биде контролирана. Двајцата беа уапсени вчера заедно со уште шестмина даночни инспектори на УЈП под сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба.. „Основниот суд Кочани, постапувајќи по поднесени мерки за обезбедување на присуство против 8-осум осомничени лица поврзани со кривичен ...