Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде настрадаа 63 лица, денеска продолжува во „Идризово“. Одбраната тврди дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, додека обвинетите не признаваат вина. Родителите на жртвите со силен апел ги повикаа да ја увидат длабочината на трагедијата. Пред почетокот на рочиштето, дел од родителите истакнаа транспарент со ликовите на жртвите, барајќи обвинетите да ја увидат трагедијата за ...

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите градежни инспектори истакна дека причината за пожарот не е поради градежни пропусти на објектот. Инспекторите, според нив, не можеле да постапат бидејќи немало пријава или наредба за инспекциски надзор. Тие изразија сочувство кон семејствата на жртвите. Аргументите на одбраната Адвокатите на обвинетите нагласија дека делото за кое се обвинува ...