Атрактивно прво полувреме одиграа екипите на Вардар и Брера Струмица, а моменталниот резултат е 1-1, со голови кои ги дадоа двајца играчи од Африка. Екипата на Брера Струмица дојде до предност во дуелот со Вардар во Скопје (0-1) со голот на Фаде Ндзенге кој погоди во првиот дел. Еден од главните стопери на вардарци, Фаустин Сенгор, се лизна, а тоа го искористи брзиот напаѓач кој влезе во шанса и реализира. Сепак, домашниот тим брзо возврати. ...
Вардар во вториот дуел од третото коло во ПМФЛ ја дочека Брера Струмица во Скопје, а мечот понуди возбудувања и многу погодоци, за конечни 2-2 (1-2). Тимот на Седлоски важеше за голем фаворит, но имаше мака да дојде до полн плен со ривалот кој го освои првиот бод во новата сезона во мак-фудбалот. Дуелот почна со голем притисок на Вардар пред голот на Брера, но гостинот од Струмица беше тој што поведе прв. Течеше 15-тата минута, кога стоперот ...