Со триумф од 2-0 над Слован Братислава вечерва, Шкендија „гледа почисто“ кон плеј-офот во Лигата на Конференции. Тетовскиот тим сосема заслужено го совлада првакот на Словачка на свој терен, и ја оствари втората победа во групната фаза. Тренерот Јетон Беќири по мечот истакна задоволство до играта, но не и од резултатот, затоа што како што кажа, ќе бил многу позадоволен ако неговиот тим славел со повеќе голови, а Шкендија имаше шанси за такво ...

Фудбалерите на Шкендија со 2-0 славеа над Слован Братислава, екипа која минатата сезона беше дел од лигашкиот дел на Лигата на шампионите, па сега актуелниот шампион на Македонија сонува и европска пролет. Тренерот Јетон Беќири е задоволен од триумфот и трите бода, но вели дека неговиот тим можеше да биде и поубедлив. “Ова беше навистина добра игра, како тим и играчите ги завршија своите задачи до крај, но ќе бев позадоволен ако постигневме ...