По денешниот убедлив пораз од Јаник Синер во второто полуфинале на Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред новинарите ги сумираше впечатоците од настапот и поразот во овој дуел. Новак во мечот влезе повреден, а по завршувањето на вториот сет мораше да добие медицинска помош поради проблем со левата нога. „Имав многу проблеми. Не се чувствував удобно на теренот. Не сакам да зборувам детално за повредата и да се жалам дека не можам да играм ...
Во Њујорк, непосредно пред финалето на Светското клупско првенство, се одржа значајна средба помеѓу претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и претставници на меѓународните синдикати на фудбалери. Средбата резултираше со постигнување договор за заштита на здравјето и благосостојбата на фудбалерите. Според официјалното соопштение на ФИФА, постигнат е консензус за минимум 72 часа одмор меѓу два натпревари, како и најмалку 21 ден одмор по ...