Јавниот градски превоз во градот од утринава полека се нормализира, откако Владата вчера попладнето донесе одлука да му позајми нафта на ЈСП од државните резерви. Африм Муча од Независниот синдикат на возачи при ЈСП потврди дека нафата за автобусите била испорачана уште вчереа вечерта. -Испорачана е нафатата, колку возила се пуштени точно не знам, но полека превозот се нормализира. Според договорот нафта ќе има за седум дена, а во меѓувреме ...
За вчера беа свикани вонредни седници на Советот на Град Скопје и на Владата на кои требаше да се расправа за проблемот со јавниот градски превоз во обид да се најде решение. Незадоволните граѓани, како и дел од партиите, побараа оставка од скопската градоначалничка Данела Арсовска, во ситуација кога колапсот на градскиот превоз е последниот во низата проблеми што го измачуваат Скопје, вклучувајќи ги и несоодветното одржување на јавната хигиена ...