Атлетико Мадрид веќе почна преговори за ангажман на нов дефанзивец по вкус на Диего Симеоне, кој летово дополнително би ја засилил одбранбената линија на мадридскиот клуб. Станува збор за Кристијан Ромеро, аргентинскиот дефанзивец кој настапува за Тотенхем, играч кој е препознатлив по грубиот стил на игра поради што многу често добива картони. Таквиот профил на играч му се допаѓа на Симеоне, кој сака да ја зголеми цврстината на својата одбрана и ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се надева дека меѓународните натпревари на националните селекции позитивно влијаеле врз неговите фудбалери. Аргентинскиот стратег беше загрижен по елиминацијата од Лигата на шампионите, но верува дека сега ситуацијата е подобра. Во моментов, Атлетико заостанува седум бода зад лидерот во Ла Лига, тимот на Барселона. „За репрезентативците тоа секогаш е позитивно. Победите секогаш те прават посреќен, ...
Диего Симеоне е најплатениот тренер во Ла Лига. Според весникот „Лекип“, месечната бруто-плата на стратегот на Атлетико Мадрид изнесува 2,17 милиони евра. Многу зад него се Карло Анчелоти од Реал Мадрид со 910.000 евра и Ханси Флик од Барселона со 830.000 евра. Треба да се напомене дека станува збор за бруто-износи, односно суми пред одбитоците за даноци и придонеси. Покрај тоа, во Атлетико Мадрид нема ниту еден фудбалер кој заработува повеќе ...