„Јас ви ветувам дека нема да дозволам политизирање на целиот овој процес, исто како што нема да дозволиме некој да биде поштеден и како опозиција будно и интензивно ќе следиме овој процес да оди во правилна насока. Ние сме одговорна и државотворна партија. Излегуваме во пресрет на сите иницијативи коишто водат кон расчистување на случајот и идентификување на причините за истото“, изјави лидерот на СДСМ во денешното обраќање Трагедиите можат да ...
Не е време за политизирање на случајот. Во моменти на огромна болка и тага важно е да останеме единствени и сплотени, порача претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз, Венко Филипче. Фокусот сепак е на истрагата. Истрагата да биде брза и ефикасна, никој да не биде поштеден без разлика на етничката и партиската припадност, порача Филипче. Тој побара институциите да си ја завршат работата, транспарентно, да не остане сомнеж дека некој се штити. ...