Манчестер јунајтед направи неверојатен пресврт и со 5:4 го победи Олимпик Лион во меч кој траеше 120 минути. Англискиот гигант губеше со 2:4 до 114 минута, а потоа започна неверојатниот пресврт. Од 114 до 120+1 минута, Манчестер јунајтед постигна три гола и на крајот победи за пласман во полуфиналето во Лига на Европа. Тренерот на Црвените ѓаволи, Рубен Аморим вели дека до крајот на сезоната, единствениот фокус ќе бидат настапите во Лига на ...

Арсенал убедливо со 4:0 победи на гости кај Ипсвич, во меч од 33 коло на англиската Премиер лига. Со овој триумф Топчиите стигнаа до 66 бодови и сега повторно се на 10 негатива во однос на лидерот Ливерпул, кој го чека дуел против Лестер. Уште во првите 30 минути Арсенал потврди зошто е фаворит и со головите на Тросар и Мартинели поведе со 2:0. Дополнителен проблем за Ипсвич беше црвениот картон на Дејвис во 32 минута. Во второто полувреме ...

Манчестер, 19 април 2025 (МИА) - И покрај драматичната победа од 5-4 во продолженијата над Лион во четвртфиналето на Лига Европа, Манчестер Јунајтед се соочува со можност да постави нови непосакувани клупски рекорди на претстојниот домашен натпревар против Вулверхемптон Вандерерс во недела. Со 38 бода од 32 натпревари, „црвените ѓаволи“ се на 14. место во поредокот - позиција која не само што исклучува директни европски квалификации, туку и ...