Барселона изгледаше речиси непогрешливо до минатиот викенд, но сега во период од неколку дена претрпе два порази во низа, од кои овој вториот беше навистина убедлив. Тимот на Ханси Флик тесно загуби од ПСЖ во големото европско дерби во Лигата на шампиони, но наместо да се рехабилитира од тој пораз, каталонците денеска беа потопени на „Рамон Санчез Писхуан“. Севилја беше далеку поагресивна и поамбициозна во текот на сите 90 минути, па иако лесно ...

Барселона го претрпе првиот пораз во Ла Лига сезонава, и тоа крајно болен откако каталонците беа декласирани со 4-1 на гостувањето против Севилја. Левандовски промаши пенал за израмнување при 2-1, казната стигна со два гола на Севилја во финишот, а Педри не го криеше разочарувањето по потпросечното издание на каталонскиот гигант. „Ужасно… слободно можам да кажам дека Барса одамна нема одиграно така слаб меч како овој со Севилја. Се мачевме со ...