„Постојано говорев дека треба да најдеме начин како да ги спроведеме заклучоците кои што ги усвоил Европскиот совет во врска со проширувањето на Македонија и Албанија. Оттука, пак се враќаме на она, да, треба да ги спроведеме уставните измени, меѓутоа во уставниот закон, кој што е последната или третата фаза имаме можност да го вградиме тоа одложено дејство“, рече Зајкова и додаде дека во секој закон може да се стави на крајот преодна одредба ...
Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во гостување на Само Вистина во Канал 5, посочи дека постапката за уставните измени може и сега да започне, но би се завршила и измените би стапиле на сила со потпишувањето на пристапниот договор со Европската Унија. „Позициите на ЛДП се дека во последните заклучоци ништо не нѐ спречува ние да ги спроведеме уставните измени, односно нели ја ...