По тензичните изјави од американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот лидер Володимир Зеленски излезе со реакција дека американските претставници се добро запознаени со клучните украински позиции. Зеленски го оцени последниот дипломатски дијалог како „конструктивен, но не и едноставен“, по средбата со специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и со Џеред Кушнер, кои престојуваат во Киев за напори околу потенцијалниот мировен план. ...

Иако мировните преговори под покровителство на Соединетите Американски Држави се во тек, сè уште не е на повидок договор за клучното прашање за територијата во источниот украински регион Донбас, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави „Блумберг њуз“. Во телефонско интервју, Зеленски објасни дека елементите од американскиот предлог бараат понатамошни дискусии за голем број „чувствителни прашања“, вклучувајќи ги и ...