Промоција на книгите на Брајово писмо „Приказни за Зоки Поки“ од Оливера Николова, „Сказна за детето Вилен“ од Глигор Поповски и „Белото циганче“ од Видое Подгорец, како дел од одбележувањето на 200 години од Брајовото писмо и Светскиот ден на Брајовото писмо – 4 Јануари, ќе се одржи на 27 декември 2024 година (петок), со почеток во 12 часот, во Спомен-собата на Миладиновци ‒ „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. ...
Книгите на Брајово писмо „Приказни за Зоки Поки“ од Оливера Николова, „Сказна за детето Вилен“ од Глигор Поповски и „Белото циганче“ од Видое Подгорец беа промовирани во градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје во чест на одбележувањето 200 години од Брајовото писмо и Светскиот ден на Брајовото писмо – 4 јануари. – Оваа година низ целиот свет се одбележуваат 200 години од измислувањето на Брајовото писмо, па во таа чест насекаде се ...