Македонската фудбалска репрезентација ќе го направеше бодот од Гент уште поголем со денешна победа против Казахстан, но за жал, избраниците на Благоја Милевски не беа доволно свежи, а во финишот и немаа доволно среќа за вторпат да ја сместат топка во мрежата на аутсајдерот. Казахстан се покажа како тврд орев и го најави тоа уште од самиот старт на мечот, а по почетните 30 минути во кои изгледавме навистина грогирано, пристигнаа првите три шанси ...
Македонија одигра 1:1 против Казахстан во натпревар во кој се очекуваше цел плен и три бода. Белгија е сега прва со оглед на победата на гостувањето кај Велс, па на нас ни останува битката во Кардив во ноември за второто место во директна пресметка со Велс. Вечерва можеме да жалиме за победата, бидејќи во финишот на првиот дел две добри шанси на Милан Ристевски и Велковски со глава, но гостинскиот голман излезе како победник. По самп неколку ...

