Екипата на Пелистер очекувано го доби дуелот со Струга во рамките на 15-то коло во Супер-лигата. Битолчани кои денеска останаа без главниот тренер Рубен Гарабаја славеа со убедливи 22-42. Оваа победа доаѓа пред дерби дуелот со Вардар 1961, кој се игра во среда во салата „Боро Чурлевски“. Пелистер мечот го реши во првото полувреме по кое имаше предност од 20-14, а во вториот набрзина дојде до двоцифрено водство за мирен финиш. Очекувано се ...
МЗТ Скопје Аеродром на убедлив начин го совлада Кожув со 101-79 и така Металците испратија порака дека се спремни за големото дерби против Работнички кое треба да се игра следниот викенд во реновираниот „Градски парк“. Штрковите вечерва беа без Смит-Мекјуен, но и така дадоа 101 поен, а дебаклот беше Кожув можеше да биде и потежок. Сепак во последната четвртина која ја добија гевгеличани со 26-14, домашните го намалија гасот и му дозволија на ...

