Денеска е 26 септември (по стар стил) се слави Свети Јован Богослов, апостол и евангелист. Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господа Исуса, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Преображението на Господа ...

Денеска правoславните христијани го одбележуваат денот на упокојувањето на Св. Јован Богослов, најсаканиот Исусов ученик. Најмладиот од 12-те христови апостоли и еден од четворицата евангелисти, Јован е наречен апостол на љубовта. Присуствувал на најважните настани од животот на Исус Христос, а по Распетието ја зел Богородица кај себе и се грижел за неа како за вистинска мајка до нејзиното успение. Бил талентиран писател и имал моќ да ги ...