Силни експлозии во Киев по серијата предупредувања за балистички ракети истрелани од Русија. Густ чад се издигна над украинскиот главен град, најмалку две лица се повредени. Украинските власти соопштија дека ракети го погодиле и градот Херсон на југот на земјата, при што едно лице загина, а шестмина се ранети. Руската армија напредува побрзо на истокот во последните денови и покрај напорите од партнерите на Киев земјата да добие оружје и опрема ...
Најмалку две лица се повредени и згради се оштетени во руски ракетен напад утринава врз Киев, главниот град на Украина, соопштија локалните власти. Нападот предизвика пожари во делови од градот, изјави шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека најмалку две лица се повредени во нападот. Украинските системи за противвоздушна одбрана одбиваат ракетен напад врз Киев, соопштија градските власти и ...