Првиот натпревар од полуфиналето на азиската Лига на шампиони меѓу Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати и Ал Хилал од Саудиска Арабија е одложен поради лошите временски услови, соопшти Азиската фудбалска федерација (АФЦ). Натпреварот требаше да се одигра вечерва во Ал Аин, но тој е одложен за во среда, откако во областа околу Ал Аин имаше силен дожд и грмотевици. Властите во Обединетите Арапски Емирати ги повикаа жителите да останат дома поради ...

Првиот натпревар од полуфиналето во азиската Лига на шампионите помеѓу Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати и Ал Хилал од Саудиска Арабија кој требаше да се игра денеска од 18:00 часот е одложен поради лошите временски услови. Азиската фудбалска федерација соопшти дека нема услови за одигрување на натпреварот, па фудбалерите на двете екипи нема да истрчаат на теренот. Поради силните дождови и грмотевици властите во Обединетите Арапски Емирати ...