Одложено првото полуфинале во азиската Лига на шампиони

Првиот натпревар од полуфиналето на азиската Лига на шампиони меѓу Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати и Ал Хилал од Саудиска Арабија е одложен поради лошите временски услови, соопшти Азиската фудбалска федерација (АФЦ).

Натпреварот требаше да се одигра вечерва во Ал Аин, но тој е одложен за во среда, откако во областа околу Ал Аин имаше силен дожд и грмотевици.

Властите во Обединетите Арапски Емирати ги повикаа жителите да останат дома поради временските услови.

„Фудбалската федерација на ОАЕ ги суспендираше сите фудбалски активности за вторник, имајќи ја предвид безбедноста на сите навивачи и играчи“, се вели во соопштението на АФЦ.

Во второто полуфинале, исто така во среда, ќе играат јужнокорејскиот Улсан и јапонската Јокохама.

Се вчитува...