Ол-Стар викендов во македонската кошарка, денеска во СРЦ „Кале“ стартуваше со мечот на „младите ѕвезди“. Во дуелот на двата тима насловени како Next Step и Next Generation, победата им припадна на Next Step кои славеа со 131:125. Мечот го одбележа Дамјан Данев, младиот кошаркар на Вардар, кој на крајот ја доби и наградата за „најкорисен кошаркар (МВП)“ на натпреварот. Во паузата беа одржани и натпреварите во забивање и шутирање „тројки“. ...

Младите кошаркари, оние кои се составен дел од М20 лигата од Адастра младинските лиги, ја имаа таа честа да ја отворат Олстар програмата во СРЦ „Кале“ во Скопје. По голема борба, победата ја однесе екипата насловена како „Next Step“ која беше подобра од онаа која настапи под името, „Next Generation“ (131-125). Натпреварот изобилуваше со голем број на атрактивни моменти презентирани од кошаркарите кои треба да се иднина на македонската кошарка. А ...