Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги нема да го промени Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година за кандидатот на Левица Амар Мециновиќ кој влезе во вториот круг за градоначалник на Скопје да добие платено политичко рекламирање. „Слободен печат“ праша во АВМУ дали имаат план и намера да го променат упатството со цел Мециновиќ да добие право на платено политичко рекламирање во медиумите. Препорачано ...
„Во изминатите неколку дена гледаме голем прилив на нови поддржувачи. Многу граѓани кои досега не гласале за Левица, сега ја гледаат како најсоодветна опција во вториот круг“, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција. Тој вели дека левиот гласачки спектар цврсто се обединува околу нивната програма. Мециновиќ тврди дека Левица ќе ја преземе улогата на обединувачка сила на сите ...

