Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров славеа на гостувањето кај Шкупи со 0-2 во премиерниот натпревар од 7. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Уште во 5. минута Клинтон донесе водство од 0-1 за гостинскиот тим. До крајот на првиот дел гостите стигнаа и до 0-2 со голот на Христов од пенал во 41. минута. Во вториот дел гостите од Ѓорче Петров иако имаа уште неколку шанси, мрежите мируваа па на крајот на семафорот останаа ...

Шкупи се врати на својот стадион во Чаир и се надеваше дека ќе стави крај на ужасната серија во Првата македонска фудбалска лига, но наместо прва радост за „Шверцерите“, најверната навивачка група на скопскиот клуб доживеа ново разочарување. Македонија Ѓорче Петров отпатува на соседско дерби како благ фаворит, па иако знаеше дека ќе игра против исклучително мотивиран противник, избраниците на Грнчаров на крајот ја исполнија целта. „Лавовите“ му ...