Во Кочани изгореа 62 млади животи. Изгореа во дискотека која работела незаконски, под носот на институциите. Изгореа во објект кој требало одамна да биде затворен. Изгореа зад заклучени врати, по наредба на актуелните службеници во МВР. И денес, додека родителите плачат, а државата треба да донесе правда, директните виновници се штитат од истрага. Три месеци по трагедијата, нема вина, нема одговорност за оние кои ако делувале вечерта, ...

Премиерот одбива да ја коментира истрагата за Кочани, а обвинувањата од СДСМ ги нарече политика која не носи поени кај граѓаните. СДСМ и вчера и денеска констатираше дека поради нивниот притисок обвинителството ја проширило истрагата. Обвини дека исчезнувале докази и побара политичка и кривична одговорност “Кривична одговорност од Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна безбедност, кој ги поставил, им давал наредби. За да не влијае на ...