Манчестер, 20 април 2025 (МИА) - Раководството на Манчестер Сити размислува да го ангажира голманот на Порто, Диого Коста ова лето, пренесе британски „Мирор“. Според изданието, договорот на 25-годишниот голман вклучува ослободителна клаузула од 63 милиони фунти. „Граѓаните“ сметаат дека оваа сума е превисока и очекуваат дека ќе можат да го купат играчот за 50 милиони, со оглед на добрите односи меѓу новиот спортски директор на англискиот клуб ...

Раководството на Манчестер Јунајтед сака да привлече нов голман на лето. Штабот на „црвените ѓаволи“ веќе има и фаворит за оваа позиција, кој ќе треба да го замени Андре Онана. Камерунецот не успеа да ја оправда големата доверба што му беше укажана и често се соочува со критики од навивачите во текот на сезоната. Според шпекулациите во Англија, Јунајтед се поврзува со трансфер на голманот на Порто, Диого Коста. Скаутите на клубот веќе ги следеле ...