Граѓанките и граѓаните кои се соочуваат со пречки при остварување на своето право на глас можат да пријават изборни нерегуларности во ЦИВИЛ на следниве начини: 📧 Е-пошта: monitoring.civil@gmail.com 💬 Порака на Фејсбук (не во коментари, туку преку Messenger) 📞 Телефон: 02 5209 176 🖥️ На располагање е и ОНЛАЈН ПРИЈАВА на изборните нерегуларности. 🔒 ЦИВИЛ ја гарантира доверливоста на податоците и заштитата на изворите. Извор: Цивил Медиа ...

ЦИВИЛ спроведе сеопфатен долгорочен мониторинг на локалните избори во првиот круг на 19 октомври и – два часа по затворањето на избирачките места – излезе со прелиминарна оценка на изборниот ден. Изборниот ден започна мирно и навреме, со ограничени технички доцнења и поединечни проблеми со фингерпринт-апаратите на голем број локации низ целата земја. По 15 часот се бележи интензивирање на партиските активности, пораст на пријави за организиран ...

Влегуваме во финалето на изборниот ден од првиод круг на локалните избори. Во попладневните часови, почнувајќи од околу 15 часот, се бележи силно раздвижување на партиските активисти, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, на почетокот на третата онлајн прес конференција на ЦИВИЛ посветена на изборниот мониторинг. ЦИВИЛ објави дека од Гази Баба доаѓа извештај според кој едно лице пред едно избирачко место им делело пари на гласачите. „Се ...

Изборниот ден во првиот круг на Локалните избори 2025 започна мирно и навремено, со исклучок на десетина избирачки места за кои набљудувачите на ЦИВИЛ пријавија дека доцнењето било од 5 до 20 минути, рече Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ на почетокот на првата прес конференција посветена на мониторингот на изборниот процес. Доцнење со отворањето на избирачките места се бележи во Скопје, Битола, Кичево и други општини низ целата земја. ...