Кошаркарската репрезентација на Србија славеше со убедливи 126-89 во пријателски меч против Босна и Херцеговина на почетокот од подготовките за настапот на Европското првенство. Мечот беше од затворен карактер и без присуство на јавноста, но српските медиуми успеаја да дојдат до официјалната статистика. Никола Јокиќ постигнал 29 поени, имал 19 скокови и девет асистенции и за само едно проигрување не успеал да дојде до трипл-дабл. Европското ...

Трострукиот МВП на НБА е подготвен да направи историски подвиг во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот, а во моментов му недостасуваат само 39 трипл-дабл натпревари за да го стигне Расел Вестбрук, кој е лидер со 203 трипл-дабла. Јокиќ се наоѓа на третото место на листата на сите времиња со 164, зад Вестбрук и НБА легендата Оскар Робертсон, кој има 181 трипл-дабл. Тој исто така е подобро рангиран од некои од најголемите имиња во ...