„Пред куќата на таткото на жртвата двајцата обвинети дошле заедно со такси и го повикале oштетениот да излезе. Кога тој се појавил на влезната врата, првообвинетиот извадил пиштол и истрелал еден проектил директно кон оштетениот. Тој го забележал оружјето навреме и веднаш се повлекол зад вратата која автоматски се заклучува, а куршумот завршил во ѕидот“, соопшти ОЈО Скопје 37-годишник е обвинет дека извршил обид за убиство во скопското село ...
Двајца мажи се соочуваат со обвинение за обид за убиство во селото Мирковци, во околината на градот Скопје, откако Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 37-годишникот кој со пиштол пукал кон жртвата, како и обвинителен предлог против неговиот соучесник, кој му помогнал по нападот, соопшти Јавното обвинителство на РСМ. „По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе ...