Под влијание на стабилна воздушна маса, во наредните денови не очекува суво и стабилно време. Како што прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи, од утре утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има појава на магла. Врнежите што ја зафатија земјава, денеска попладне насекаде ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Во западните делови од државава до крајот на денов ќе дува слаб до умерен ветер од западен и ...

Под влијание на антициклон – поле со висок воздушен притисок и стабилна, сува воздушна маса – времето во Македонија до крајот на неделата ќе биде стабилно и сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко, без изразен ветер. Утрата и натаму ќе бидат ладни и магливи, особено по котлините и речните долини. Минималните температури ќе се движат од 2 до 9°C, а преку ден ќе биде релативно топло, со максимални вредности од 17 до ...