Универзитетските професори веќе нема мирно да си ја чекаат пензијата по изборот на функцијата, туку на секои седум години ќе одат на реизбор за да си ја задржат позицијата. Во спротивност, ќе им престане работниот однос и ќе мора да бараат друго работно место. Ова е една од значајните новини што се содржани во новиот закон за високо образование, кој е во завршна фаза и кој наскоро ќе биде ставен на увид на јавноста преку системот ЕНЕР. ...

Министерката за образование, Весна Јаневска, најави нов закон за високо образование кој ќе донесе големи промени во начинот на работа на универзитетските професори. Според новите одредби, редовните професори ќе мора да одат на реизбор на секои седум години, а менторите на секои пет години, со цел да се обезбеди континуирана активност, нови истражувања и поголема транспарентност во академската работа. „Целта е нашите универзитети да напредуваат и ...