Иако е празник 8 Септември, денеска (16 Ч) во Штип ќе се одигра фудбалски натпревар и тоа меѓу Брегалница и Тетекс. Овој натпревар требаше, како и сите останати од 3.коло во ВМФЛ, да се одигра во саботата, сепак поради настап на двајца фудбалери на Тетекс во репрезентацијата на Македонија до 19 години, истиот беше одложен за денеска. Од таборот на Брегалница посакуваат победа и три бода, велат атмосферата по двете победи во низа е одлична, ...
Брегалница ја потврди фаворитската улога и во третото коло од Втората лига убедливо го совлада Тетекс со 6-1. Мечот практично беше решен на стартот од двете полувремиња, кога тимот на Влатко Костов постигна клучни погодоци. Штипјани отворија силно и по низа шанси поведоа во 31-та минута преку Даниел Карчески, кој со прецизен удар ја затресе мрежата на гостите. Иако создадоа уште неколку изгледни можности, на паузата заминаа со минимална ...
Во последниот дуел од ВМФЛ конкуренцијата трето коло, тимот на Брегалница на домашен терен со високи и убедливи 6:1 го совлада тимот на Тетекс. Домаќинот доминираше на овој меч, уште од првиот момент, погодувајќи и создавајќи шанси во многу наврати. Карчески го отвори резултатот, па на 2:0 зголеми Алексовски. Тетекс намали на 2:1, а Тасев донесе 3:1. Карчески со својот втор гол носи 4:1, Хусеин Демири па на крајот Бојаџиев ги постави конечните ...