Екипата на Силекс е поразен на вториот контролен натпревар на подготвките во Банско, Бугарија со 3-2 од косовската екипа Малишева. Мартин Мирчевски и Илија Донов ги постигнаа головите за кратовскиот тим, додека кај косовската екипа два гола од трите постигна Џемал Ибиши, кој се пресели во овој тим од Шкупи. Силекс со ова ги заврши подготовките во Банско, и до натпреварот со Дечиќ ќе се подготвува во Кратово. Крадењето авторски текстови е казниво ...

Екипата на Вардар претрпе трет пораз во подготвителниот период, овојпат од српски Напредак (2-1). „Црвено-црните“ кои играа без африканските фудбалери кои немаат визи не успеаја да забележат позитивен резултат. Напредак стекна двојна предност со голови во 30. минута и на стартот на продолжението. Од друга страна, Вардар го ублажи поразот во финишот од средбата. Вардарци загубија третпат во Словенија, а ова беше на последниот тест пред враќањето ...

Шкендија триумфираше на „генералката“ пред настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. На дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Тетово, македонскиот шампион славеше со 2-1 против албанскиот прволигаш Динамо Тирана. Шкендија поведе со голот на Красниќи во 31. минута од средбата. Откако гостите израмнија преку Итодо во 41. минута, во вториот дел Јакупи во 67. минута погоди за триумф од 2-1. Крадењето авторски текстови е казниво со ...