„Оваа Влада ветуваше ‘беспоштедна борба против корупцијата’, но за само осум месеци успеа да ја доведе Македонија до најслабата позиција на скалата во последните пет години. Со падот на два поени и рангирањето на 88 место, граѓаните јасно покажуваат дека немаат доверба во нивните политики и дека корупцијата е полоша од било кога. Додека соседните земји, како Албанија и Косово, прават сериозни чекори напред – Албанија е осум места пред нас, а ...

Македонија на Индексот за корупција на „Транспаренси интеренешенал“ за 2024 година, објавен денеска, бележи пад од дури 12 места, споредено со 2023 година, и се наоѓа на 88. место. Земјава има 40 поени, односно два поени помалку. Индексот за корупција се базира врз основа на перцепција, а оваа е прво назадување на Македонија од 2019 година. Од регионот најдобро рангирана е Црна Гора, која е на 65. место, следи Косово на 73. место, па Албанија ...