Без исплатени плати и без работа – над 50 работници од Штип останаа на улица, откако странските сопственици на локална текстилна фирма Елит фешан, преку ноќ ја затвориле фабриката и исчезнале, додека работниците се на летен одмор. Разочарани, револтирани и оставени без никаква поддршка на улица, бараат правда и исплата за целото лето поминато во мака. Пред камерите на нашата телевизија велат ниту газдите, ниту шефот не креваат на нивните повици, ...

Повеќе од 50-мина работници од штипска конфекција останаа пред заклучените врати наместо да се вратат на работните места по летниот одмор. Сопствениците на фирмата, странски државјани – едниот од Хрватска, а другиот од Германија – исчезнале без никакво известување, оставајќи ги вработените без исплатени плати и без никаква можност за контакт. На вратата од конфекцијата било залепено кратко соопштение во кое се наведува дека вработените треба ...