Манчестер, 15 јуни 2025 (МИА) - Новодојдениот играч на Манчестер сити, Тејани Рејндерс, изјави дека не дошол во „Граѓаните“ за да го замени играчот од средниот ред Кевин Де Брујне, кој се пресели во Наполи. - Не дојдов во Манчестер сити да го заменам Де Брујне, туку да ја играм мојата игра. Сепак, ја анализирам играта на различни играчи и го позајмувам она што тие го прават особено добро. Она што ми се допаѓа кај Кевин Де Брујне е како ја ...

Манчестер Сити повлече неколку потези на трансфер пазарот, а еден од нив е ангажманот на холандскиот репрезентативец и досегашен член на Милан, Тиџани Рајндерс. По одличните изданија во „црвено-црниот“ дрес Рајндерс доби повик од „Итихад“, повик кој не можеше да го одбие без разлика на тоа што пред неколку месеци го обнови договорот со клубот од Милано. Ова е нов предизвик за играчот од средината на теренот, предизвик кој го прифаќа, но воедно ...