Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска, по повод третата годишнина од почетокот на војната во Украина, порача дека мора да се работи на прекин на конфликтот во таа земја и повика на праведен и траен мир. „Не смееме да штедиме напор за да ставиме крај на овој конфликт и да постигнеме праведен и траен мир во согласност со Повелбата на ОН, меѓународното право и резолуциите на Генералното собрание“, рече тој пред Советот ...

Десетина лидери од Европа и Канада денес се во посета на главниот град на Украина за да ја одбележат третата годишнина од војната со Русија, во очигледен знак на поддршка за Киев среде сè подлабока неизвесност за посветеноста на администрацијата на Трамп во помагањето на Украина да ја одбрани својата територија од руската инвазија, пренесува Асошиејтед Прес. Некои од најважните поддржувачи на Украина, вклучувајќи ја претседателката на Европската ...