ЦУК соопшти дека и понатаму гори во „Јасен“, а во земјава се активни уште шест други пожари До 18:00 часот, на територијата на државата биле регистрирани вкупно 20 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се изгаснати. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека и натаму гори во „Јасен“. Активен пожар има и во општина Студеничани. Во близина на селата Горно Количани и Драчевица, на планинскиот ...

Врнежите кои започнаа пред седум часот утринава и траеја повеќе од два часа во реонот на ловиштето „Јасен“, придонесоа кон гаснење на пожарот кој беснееше повеќе од десет дена, објавија денес од Управата за заштита и спасување (УЗС). „Но, и покрај значителното количество дожд, на одредени места од линијата на пожарот сè уште се забележува чадење, поради што по подигнувањето на маглата и чадот, ќе продолжиме со теренска акција врз жариштата кои ...