Со 37 обвинети, 33 адвокати и повеќе од 250 оштетени лица, судењето за пожарот во „Пулс“ од самиот почеток носи сериозни логистички и правни предизвици, велат познавачите. Ваквите сложени постапки, каде што учествуваат голем број странки, по правило траат долго – а секое отсуство, дали од здравствени причини или технички пречки, доведува до ново одложување. Иако очекувањата на јавноста се насочени кон брза и ефикасна правда, искуството покажува ...
По потврдувањето на обвинението за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, правните експерти предупредуваат дека јавноста треба да се подготви за долг, сложен и исцрпувачки судски процес. Судењето, во кое се обвинети 37 лица, со ангажман на 33 адвокати и над 250 оштетени граѓани, ќе претставува сериозен логистички и организациски предизвик. Секое одложување, велат познавачите, ќе може да значи месеци застој, а секое рочиште ќе биде тешко за ...

