Раководството на ПСЖ повторно се најде во конфликт со Француската фудбалска федерација, што е само продолжение на случувањата од претходниот месец, кога европскиот шампион беше незадоволен од начинот на кој селекторот Дидие Дешамп ги менаџирал минутажите на Усман Дембеле и Десире Дуе. Двете ѕвезди на ПСЖ се повредија и оттогаш немаат одиграно натпревар ниту за својот клуб, а размената на соопштенија беше најава дека двете страни тешко ќе најдат ...
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола, се појави во кампот на француската репрезентација, но само да достави рендгенска снимка, која покажа дека има повреда, за да биде ослободен од обврските кон националниот тим. И покрај „оправдувањето“ дека е повреден, од Федерацијата стигна соопштение за состојбата на играчот. „Бредли Баркола се појави во Националниот фудбалски центар во Клерфонтен и се консултира со д-р Франк ле Гал. Тој покажа ...

