Столе Димитриевски конечно ќе добие шанса за блесок на голот на Валенсија, откако македонскиот голман беше избран како стартер за вечерашниот дуел од Копа дел реј против Парија. Македонецот требаше да биде големо засилување на Валенсија сезонава, но ситуацијата се промени откако во „пет до дванаесет“ управата на клубот се реши да го задржи Мамардашвили уште една година, на позајмица по реализираниот трансфер во Ливерпул. Димитриевски беше ...
Столе Димитриевски одигра шест натпревари за Валенсија во подготвителниот летен период, но на крајот испадна дека македонскиот чувар на мрежата мора да чека речиси шест месеци за своето деби. Најдобриот македонски голман денеска конечно ја дочека својата шанса и за првпат заигра на официјален натпревар како член на Валенсија, и тоа во рамки на најмасовното натпреварување во Шпанија. „Лилјаците“ денеска го одиграа првиот од трите одложени ...