Со легендарното македонско оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“ од Битола, вечер почнува јубилејното 55. издание на интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. Според востановената традиција, на свеченото отворање ќе му претходи дефиле со песни и игри низ битолските улици во кое ќе учествуваат играорци од земјава и гости од странство, односно од Полска, Мексико, Хрватска, Индонезија, Грузија и за прв пат од ...
Битола, 26 јули 2025 (МИА) - Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ и оваа година почнува со легендарното македонско оро „Комитско“ во кое настапуваат деветмина играорци, осум комити и еден војвода. Орото без звук, но полно со сила, симбол на борбата, истрајноста и тишината што зборува, на фестивалот во Битола, КУД „Илинден“ го изведува повеќе од пет децении, а во улога на „војводи“ низ историјата настапиле петнаесеттина ...